Профитот на најголемиот светски производител на чипови е најмал во последните 5 години

45

Најголемиот светски производител на чипови, тајванскиот TSMC, објави дека неговиот профит во третиот квартал изнесувал 211 милијарди нови тајвански долари или 6,69 милијарди американски долари, што е за 24,87 отсто помалку во однос на истиот период лани.

Ова е најголем пад на профитот на TSMC од првиот квартал на 2019 година, пренесува CNBC.

Во третиот квартал, приходите на TSMC паднаа за 10,83 проценти на годишно ниво – на 546,73 милијарди нови тајвански долари, т.е. на 17,28 милијарди американски долари.

Главната причина за овој пад е слабиот интерес на клиентите за потрошувачка електроника.

Сепак, и покрај лошите резултати, TSMC ги ревидираше нагоре очекувањата за приходите за четвртиот квартал на помеѓу 18,8 и 19,6 милијарди долари.

Како што е веќе познато, тој е најголемиот производител на најнапредните светски процесори кој произведува полупроводници за компании како Apple или Nvidia.