Ер Србија привремено ги прекинува редовните летови меѓу Белград и Тел Авив

Ер Србија објави дека поради се посложената безбедносна ситуација во Израел, од денеска е принудена привремено да го прекине сообраќајот меѓу Белград и Тел Авив.

Според извештаите, следниот лет закажан за недела, 22 октомври 2023 година, нема да се реализира, како и сите други летови до крајот на ноември.

Привремено е прекината и продажбата на билетите на Ер Србија на таа релација, а сите патници кои купиле билети за летови до крајот на ноември треба да се обратат во Ер Србија и ќе имаат право на целосна рефундација.