
Производството на челик во Русија се зголеми за 9,8 отсто на годишно ниво, на 6,2 милиони тони во септември, објави Светската организација за челик (WSO) во својот најнов извештај.
Како што јави ТАСС, во периодот од јануари до септември, руското производство на челик се зголемило за 4,8 отсто на годишно ниво, на 57,1 милиони тони.
Кина, најголемиот светски производител на челик, произведе 82,1 тони во септември, што е за 5,6 отсто помалку од септември 2022 година, според веб-страницата на WSO.











