
Една од водечките светски платформи и специјализирани медиуми за патувања, Lonely Planet, објави листа на 50 најдобри светски дестинации, а Хрватска исто така го зазеде своето место во категоријата топ 10 земји што треба да се посетат во следната година, објави Хрватскиот туристички одбор.
Lonely Planet ја опиша Хрватска како земја со прекрасни сончеви брегови, со многу острови и островчиња, предизвикувачки планини и историски градови.
Во описот се истакна и влезот на Хрватска во Шенген зоната, отворањето на Пељешки мост и други инфраструктурни проекти.
Заедно со Хрватска, место на листата најдоа и земји како Монголија, Индија, Мароко, Чиле, Мексико и други.
Покрај листата на најдобри земји, објавени се и листи на најдобрите светски дестинации во категориите за најдобра одржлива дестинација, најдобар град, најдобар регион и во категоријата дестинации со најдобра вредност за парите.











