Ифо: Германската економија гледа светлина на крајот од тунелот

Расположението во германската економија се подобри овој месец за прв пат од април. Најважниот економски показател за земјата порасна во октомври за прв пат по половина година колапс.

Индексот на Институтот за економски истражувања Ифо порасна за неочекувано големи 1,1 поен, на 86,9 поени, пренесува SEEbiz.

Економистите претходно очекуваа раст до 86 поени.

Ифо го базира својот индекс на месечно истражување на околу 9.000 домашни компании од сите економски сектори.

„Германската економија конечно гледа малку светлина на крајот од тунелот“, рече претседателот на Ифо, Клеменс Фуест.