Киев: Испораките на жито преку новиот коридор во октомври може да надминат еден милион тони

Испораките на украинско жито преку новиот извозен коридор на Црното Море во октомври би можеле да надминат еден милион тони, изјави денеска првиот заменик министер за земјоделство на Украина, Тарас Висоцки.

„Ситуацијата се подобрува и ако се погледне септември и првата половина на октомври, веќе се извезени 700.000 тони (жито), а до крајот на месецот (октомври) може да биде милион или повеќе“, рече Висоцки.

Во јули Русија се откажа од договорот со Украина постигнат со посредство на ОН, кој овозможи извоз на украинско жито од три црноморски пристаништа, потсетува Ројтерс.