
Мајкрософт објави дека го менува маркетинг директорот по 10 години. Новата задача е да го брендира технолошкиот гигант како компанија за вештачка интелигенција (ВИ).
Крис Капосела, актуелниот директор за маркетинг, ја напушта компанијата по 32 години, од кои речиси 10 помина на чело на маркетингот.
Извршниот директор Сатја Надела рече дека наследникот на Капоселa бил во фаза на подготовка веќе некое време.
„Со оваа нова ера на вештачка интелигенција над нас, решивме дека сега е вистинското време да го спроведеме тој план во акција“, рече Надела.
Нов директор со одлични резултати
Капосела ќе биде наследен од Такеши Нумото, кој ја предводеше деловната групација за облак маркетинг на компанијата, вклучувајќи ја и услугата за продажба на облак Microsoft Azure.
Една од причините зошто е избран Нумото, кој е во компанијата 26 години, се деловните резултати.
Фото: YouTube printscreen











