Лидл на своите работници во Германија им дава бонус за инфлација

Вработените во Лидл во Германија повторно ќе добијат инфлациски бонус. Исплатата на бонусот е поврзана со 50-годишнината од овој малопродажен синџир, пишуваат германските медиуми.

Лидл повторно ќе ги награди своите речиси 100.000 вработени со компензација за инфлацијата, пренесува магазинот Феникс.

Надоместокот е поврзан со 50-годишнината на синџирот, а вработените со полно работно време добиваат 500 евра. Оние кои се вработени за помалку, добиваат 250 евра. По 150 евра ќе добијат хонорарните и студентите кои работат.

Премијата е ослободена од данок и социјално осигурување во согласност со федералните прописи. Германските медиуми пишуваат дека оваа информација доаѓа од внатрешната комуникација на компанијата.

Лидл оваа година ја прослави својата 50-годишнина во Германија. Историјата на Лидл започна во 1973 година со првата филијала во Лудвигсхафен, Германија, основана од сега 83-годишниот Дитер Шварц.

Денес, компанијата има повеќе од 3.200 филијали и 93.000 вработени во Германија. Лидл е активен и во онлајн малопродажбата од 2009 година, но за разлика од неговите филијали, фокусот во онлајн продажбата не е само на храната.

Лидл сега е застапен во над 30 земји низ светот.