
Кина е уверена дека ќе го подобри квалитетот на надворешната трговија оваа година, пренесува Ксинхуа, повикувајќи се на податоци од Министерството за трговија.
И покрај бавната глобална трговија од почетокот на годината, Кина го одржува увозот и извозот на стабилно ниво, рече портпаролката на Министерството Шу Јуетинг.
Во последниве месеци, нагорниот моментум на надворешнотрговската размена станува сè поочигледен, рече таа.
Обемот на надворешната трговија на Кина достигна 3,74 трилиони јуани (околу 521 милијарди американски долари) во септември, достигнувајќи ново месечен максимум оваа година и регистрирајќи раст од месец на месец втор последователен месец.
„Со акумулацијата на позитивни фактори, уверени сме дека ќе го консолидираме добриот тренд на развој на надворешнотрговската размена во четвртиот квартал“, рече Шу.











