На крајот на октомври 2023 година, официјалните девизни резерви изнесуваат 3.920,6 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 18,9 милиони евра, соопшти Народна банка.
Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (58,2%), по што следуваат валутите и депозитите (31%) и монетарното злато (10,6%).