Нови пет нијанси на беж лабутинки од Christian Louboutin

132

Christian-Louboutin

Кристијан Лабутин, познатиот париски дизајнер на високите потпетици наречени лабутинки, дизајнираше пет нови модели од овој тип на чевли, притоа ставајќи го акцентот на нивната боја.

Имено, петте нови модели ги претставуваат петте најзастапени нијанси на беж или “кожа” боја, се со цел да одговараат на природната боја на кожата на жената, што е моментално тренд во светот.

Christian-Louboutin-Nude-Shoes

Долго време ги опишуваме чевлите (и облеката) како “кожа” боја без да размислиме што тоа точно значи. На пример, она што ние сме го нарекувале кожа боја, за многу клиенти е сосема спротивното, вели дизајнерот.

Louboutin-nude-shoes-600x399

Токму затоа Лабутин лансираше нови нијанси на чевли во беж боја кои ќе бидат достапни на пазарот веќе од овој месец и истите целосно ќе одговараат на различните бои на кожа на клиентите, од најсветла – бледо розова, до најтемна – боја на костен.