Римац Невера собори светски рекорд (ВИДЕО)

Електричниот Rimac Nevera постави нов светски рекорд за брзина при возење во рикверц, достигнувајќи 275 km/h.

Рекордот беше соборен во Германија, во центарот на Папенбург, кој има две патеки од по 4 километри, а кои германските производители како Мерцедес-Бенц и Фолксваген често ги користат за тестирање со голема брзина.

Компанијата „Римац“ соопшти дека оваа локација е избрана затоа што Невера претходно „соборила повеќе од 20 рекорди во еден ден“, а како што објасни главниот инженер на Невера Матија Рениќ, целта овојпат била „да влезе на неистражена територија“. Тимот кој стои зад овој подвиг е регистриран во Гинисовата книга на рекорди, објави Autocar.