Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска истакна дека ревизијата и поддршката од експертите за автопатот Кичево-Охрид, ќе биде во насока на покажување на правците во кои треба да продолжи државата, за да го заврши проектот.
Ќе се бара и најдобро решение за свлечиштата и косините, кои како што рече Бочварски, се голем проблем на голем дел од трасата.
-По утврдување на сите правци, без притоа да се прави со политички притисок, ќе дојдеме до најдобрата одлука за завршување на автопатот, за да биде безбеден и сигурен, истакна министерот од Неготино.
Информира дека кинеската компанија „Синохидро“ биле во постојана координација со Министерството за транспорт и врски и ЈПДП.
-Доколку побараат средба ќе ја одржиме. На техничко ниво се оддржуваат. Компанијата сè уште има рок и фронт за реализација до 31.12, дециден е Бочварски.