Зоран Настевски: Ни рекоа ќе инвестираме во вашиот бизнис, направете ја вашата држава горда на вас, последен клиент ни е Coca-Cola HBC

266

Опишан како претприемач на социјалните медиуми, Зоран Настевски e последниот гостин во „Што го врти светот“ зборува за падовите кои морале да се издржат за да се развие бизнис, доволно зрел да добива сериозни инвестиции. Настевски е ко-основач и генерален менаџер на QX. Се работи за македонски старт-ап кој е првиот кој добива финансирање од еден од најпознатите инвестициски фондови во кои поддржуваат старт-апи Start-up wise guys.

  • Последниот пат, си ги дадовме последните пари за да отидеме на презентација. Си реков ако овој пат не одбијат, не знам што да мислам за себе. Не ни ја дадоа информацијата на лице место, прво се вративме. Тогаш ни се јави Генералниот директор на Компанијата и ги помнам зборовите, ни рече „Овој пат одлучивме да ве финансираме. Направете ја вашата држава горда на вас, и направете нè нас горди што веруваме во вас. “

По оваа инвестиција бизнисот добива финансирање 10 пати поголемо од првичната инвестиција. Последен клиент на компанијата е Кока-Кола ХБЦ, односно компанијата на Кока-кола задолжена за производство на пијалаците.  Сепак, според Настевски, не треба само да се „трча“ по пари на инвеститори. Некогаш е добро и да се одбие финансирање, доколку тоа е штетно за бизнисот во иднина.

  • Два пати одбивме по 1 милион инвестиција. Мислам дека секој претприемач треба да се запраша дали да тргне по патот на Venture Capital. Станува збор за партнерство. Има некоја култура на Балканот само да се трча по пари. Тие пари се „горат“, тоа се однапред потрошени пари. Треба да внимавате од кого земате пари и да се знае точно за што би се искористиле.

Доколку сакате да ја чуете бизнис презентацијата и да дознаете повеќе за овој иновативен и напреден бизнис модел можете да ја погледнете последната епизода на „Што го врти светот?“ со Јована и Зоран.