Саудиска Арабија откри две нови наоѓалишта на гас во пустината Руб ал Хали, позната и како „Празна населба“, објави Ројтерс, повикувајќи се на соопштение на саудиското Министерство за енергетика.
На полето ел-Хиран гасот течел со брзина од 30 милиони кубни стапки дневно, а на полето ел-Махакик протокот на гас бил помал, околу 0,85 милиони кубни стапки дневно, пишува порталот oilprice.com.
Нови количества природен гас беа пронајдени и во пет резервоари во полиња кои веќе беа откриени порано.