
Во земјите на ЕУ во октомври се регистрирани 855.484 нови автомобили, што е за 14,6 отсто повеќе во однос на истиот месец лани, објави денеска Асоцијацијата на европски производители на автомобили (ACEA).
Ова е 15-ти последователен месец на раст на бројот на нови регистрирани автомобили во ЕУ, додава ACEA на својата веб-страница.
Во октомври автомобилскиот пазар во Франција забележа раст од 21,9 отсто на годишно ниво, како и во Италија – за 20,0 отсто, Шпанија – за 18,1 отсто, додека германскиот пазар забележа поблаг раст од 4,9 отсто.
Во октомври се регистрирани најголем број нови возила на бензин – 33,4 проценти, потоа хибридно-електрични возила (HEV) – 28,6 проценти, електрични возила на батерии – 14,2 проценти и автомобили на дизел – 12,0 проценти.











