
Во 2022 година, во Европската унија, стапката на циркуларна употреба на материјалите (позната како стапка на циркуларност; процентот на користени материјални ресурси кои потекнуваат од рециклиран отпад) достигна 11,5%, што значи дека 11,5% од материјалните ресурси што се користат во ЕУ потекнува од рециклиран отпад. Очекувано, најголема стапка на циркуларност, според главните видови материјали, е постигната кај металните руди со 23,9%, објави Евростат.
Во однос на 2021 година, стапката на кружност е зголемена за 0,1 процентен поен. Помеѓу 2010 и 2022 година, стапката се зголеми за 0,8 п.п., од 10,7% на 11,5%, меѓутоа, највисоките удели се забележани во 2018 и 2020 година: 11,6%.
Во 2022 година, стапката на циркуларност беше највисока во Холандија (27,5%), проследена со Белгија (22,2%) и Франција (19,3%).
Најниска стапка е забележана во Финска (0,6%), што е големо изненадување со оглед на напредокот на оваа земја на полето на циркуларната економија. Следат Романија (1,4%) и Ирска (1,8%).
Разликите во стапките на кружност меѓу земјите на ЕУ не се засноваат само на количината на рециклирање во секоја земја, туку и на структурните фактори во националните економии, се вели во извештајот.
Во 2022 година, највисока стапка на циркуларност според главните видови материјали има во металните руди со 23,9% (+0,6 п.п. во споредба со 2021 година), а потоа следат неметалните минерали со 13,7% (-0,1 п.п.), биомасата 10% ( +0,6 п.п.) и фосилни енергетски материјали/носители со 3,2% (без промена).
Фото: Freepik











