Stellantis и кинескиот производител на батерии CATL најавија соработка во Европа

Европскиот производител на автомобили Stelantis и кинескиот производител на батерии CATL најавија соработка во Европа.

Според соопштението на веб-страницата Stelantis, двете страни потпишаа необврзувачки Меморандум за разбирање за локално снабдување со ќелии на батерии LFP што Stelantis ќе ги инсталира во своите електрични автомобили (EV) и ќе ги продава на европскиот пазар.

Планот е да се формира заедничка компанија со еднакви сопственички акции, се додава во соопштението.