Дојче банк призна вмешаност во нелегален картел

Најголемата германска банка Дојче банк пред европските регулатори ја призна својата вмешаност во нелегален картел, а со тоа и одговорноста за своите постапки.
Со тоа избегнала казна од 156 милиони евра. Но, комисијата ја казни холандската Рабобанк со 26,6 милиони евра поради незаконски договарања.

Холандска Рабобанк е казнета поради  картелно одредеување на цени и стратегии за размена на тргување со обврзници, пренесува германската новинска агенција dpa.

Незаконските зделки се случиле помеѓу 2006 и 2016 година.

Во Брисел нагласија дека секој кој е оштетен од постапките на банките може да бара отштета пред националниот суд. Ова важи и ако учесниците во картелот имаат имунитет од казни.