Централната банка на Турција ја зголеми каматната стапка на 40 отсто

Турската централна банка денеска ја зголеми основната каматна стапка шести месец по ред на 40 отсто.

Банката ја зголеми основната каматна стапка (еднонеделната репо стапка) за пет процентни поени во однос на минатиот месец.

Финансиската институција во соопштението за печат наведува дека нивото на затегнување на монетарната политика е многу блиску до она што е потребно и затоа темпото на зголемување на каматите ќе се забави.

Во јуни, турската Централна банка ја зголеми основната каматна стапка од 8,5 отсто на 15 отсто за првпат од 2021 година и вети построга монетарна политика и контрола на инфлацијата. Тоа беше прво зголемување на стапката на новиот шеф на централната банка Хафиз Гаје Еркан.