
Градското собрание на Венеција соопшти дека 29 дена во текот на 2024 година поради масовен туризам ќе применува комплетно нова такса од пет евра за туристите кои ќе дојдат на еднодневна посета.
Данокот ќе се применува во текот на туристичката сезона, од 25 април до 5 мај, потоа викендите во мај (11 и 12, 18 и 19 и 25 и 26), јуни (8 и 9, 15 и 16, 22 и 23 мај и 29 и 30), како и два викенди во јули (6 и 7 и 13 и 14).
Данокот, чија имплементација се одложува неколку пати, ги таргетира само туристите кои влегуваат во стариот дел од 8:30 до 16:00 часот по локално време, соопштија градските власти.
„Тоа е експеримент кој има за цел да го подобри квалитетот на животот во градот, за оние кои живеат таму и за оние кои работат таму“, велат властите.
Проектот, објавен во септември, првенствено има за цел да ги одврати дневните посетители кои придонесуваат за застојот на градот познат низ светот по своите уметнички дела, мостови и канали.











