Норвешка е во рецесија

Норвешката економија се намали и во третиот квартал и влезе во рецесија, при што заостанува странската побарувачка за гас, покажаа податоците на Заводот за статистика.

Се зголемија државните трошоци
Норвешкиот БДП во периодот од јули до септември е намален за 0,5 отсто во однос на претходните три месеци кога забележа ист процентуален пад. Во првите три месеци од годинава бележи раст од 0,2 отсто. Тоа би значело дека Норвешка влезе во рецесија во третиот квартал, што се дефинира како пад на активноста два квартали по ред.

Без секторот и опремата за нафта и гас, БДП во периодот од јули до септември бележи пораст од 0,1 отсто во однос на претходните три месеци, кога стагнираше. На почетокот на годината е зголемен за 0,1 отсто. Потрошувачката на домаќинствата е зголемена за 0,5 отсто, поддржана од купувањето стоки во странство и услугите поврзани со туризмот.

Државните трошоци се зголемени за 0,9 отсто, поддржани од трошоците за одбрана. Бруто инвестициите на компаниите во фиксен капитал се намалени за 2,1 отсто, што е одраз на остриот пад на трошоците за океански транспорт.

Најмногу гас извезува Норвешка

Денес, Норвешка е најголемиот снабдувач на гас во Европа, менувајќи ја Русија од водечката позиција и го испраќа главно преку гасоводи. Во третиот квартал, пак, извезоа 1,4 отсто помалку гас во однос на претходните три месеци. Норвешката економија сега е во фаза од деловниот циклус каде слабата побарувачка го задушува растот, рече шефот на националните податоци во Статистика Норвешка Пал Слетен.

На годишно ниво, БДП се намали за 1,9 отсто во третиот квартал, откако речиси стагнираше во претходните три месеци. Во првите три месеци од годинава бележи раст од 3,2 отсто. Кога се исклучени нафтата, гасот и опремата, активноста речиси стагнираше во периодот од јули до септември, како и во претходните три месеци. Во првиот квартал порасна за 2,9 отсто.