Nissan ќе инвестира околу 2 милијарди фунти во производството во Велика Британија

Јапонскиот Nissan денеска објави дека ќе инвестира до 1,12 милијарди фунти (1,29 милијарди евра) за производство на два нови модели на електрични автомобили во фабрика во Велика Британија.

Вкупната инвестиција би можела да достигне две милијарди фунти со проектот за новата фабрика за батерии, пренесува Бета.

„Последната инвестиција на Nissan вклучува до 1,12 милијарди фунти во неговите операции во Велика Британија и поширок синџир на снабдување за истражување и развој и производство на двата нови модели“, се вели во соопштението на производителот на автомобили.

Јапонскиот автомобилски гигант додаде дека дополнителната фабрика за батерии и други инвестиции во инфраструктурни проекти ќе резултираат со инвестиција до две милијарди фунти вкупно.