Штрајк во Гучи

Неколку десетици вработени во модната куќа „Гучи“ во Рим  излегоа на штрајк поради одлуката на компанијата да го пресели одделот за дизајн од италијанската престолнина во Милано.
Одлуката, која компанијата им ја соопшти на синдикатите во октомври, ќе вклучи преместување на 153 од своите 219 вработени во Милано, кое е оддалечено речиси 500 километри, пренесува Ројтерс.

Од Синдикатот ЦГИЛ наведуваат дека вистинската цел на одлуката е отпуштање на кадарот.
„Преместувањето не подразбира никакво намалување на бројот на вработени“, рече портпаролот на Гучи.
По заминувањето на креативниот директор Алесандро Микеле во 2022 година, сопственикот на Гучи „Керинг“ го смени менаџментот на модната куќа.