
Во Швајцарија, речиси 300 медицински сестри ги напуштаат своите работни места секој месец, главно поради лошите услови за работа, што претставува голем предизвик за швајцарските болници, пренесува swiss.info.
Медицинските сестри, меѓу другото, ги наведуваат стресот, ниските плати и неможноста да го балансираат приватниот и професионалниот живот како причини за напуштање на работата. Истражувањата покажуваат дека 36 отсто од младите медицински сестри на возраст меѓу 20 и 24 години ја напуштаат професијата во првите неколку години на работа, пренесува Телеграф.рс.
„Не можам да замислам да бидам на оваа работа за пет години ако продолжиме со ова темпо. Често размислувам за промена на работа.
Сите мои колеги размислуваат да сменат работа, а заминувањата се редовни“, вели една медицинска сестра која сакаше да остане анонимна.
Иако оваа професија е сè уште популарна во Швајцарија, во таа земја има речиси 7.000 слободни работни места за медицински сестри, пишува порталот.











