
Европската комисија во вторникот одобри исплата на 16,5 милијарди евра, четврта транша од нејзиниот план за помош за економското закрепнување на Италија од последиците од пандемијата Ковид-19, оценувајќи дека се исполнети целите во однос на реформите и инвестициите.
„Италијанските власти доставија детални и целосни докази за постигнувањето на 28-те фази и цели“ поврзани со исплатата на оваа транша, се вели во соопштението на комисијата, пренесува Бета.
До крајот на оваа година „Италија ќе биде единствената земја-членка на Европската унија која ја доби исплатата на четвртата транша“, ја поздрави одлуката на Фејсбук шефот на италијанската влада Џорџо Мелони.
Главните инвестиции вклучени во оваа транша се за дигитализација, развој на вселенската индустрија, зелениот водород, транспортот, истражувањето, образованието и социјалната политика, наведе таа детално.
За возврат, Италија се обврза да спроведе реформи за „јавната администрација да биде поедноставна и поефикасна“ и „судскиот систем поефикасен“, според Европската комисија.
Кога ќе биде исплатена четвртата транша, Италија во џебот ќе има 101,9 милијарди евра или повеќе од половина од вкупните средства на планот.
Комисијата во петокот објави дека се согласила да го зголеми износот на заеми и грантови доделени на Рим за заживување на економијата по пандемијата Ковид-19.











