Мајкрософт инвестира 3,2 милијарди долари за да го поттикне растот на вештачката интелигенција во Британија

Планот на Мајкрософт да инвестира 3,2 милијарди долари во Велика Британија во следните три години ќе го поддржи идниот раст на вештачката интелигенција (ВИ), објави владата на Велика Британија.

Како што е наведено, финансирањето ќе обезбеди инфраструктура клучна за функционирањето на новите модели на вештачка интелигенција.

„Ова е пресвртница за иднината на инфраструктурата и развојот на вештачката интелигенција во ОК“, рече британскиот премиер Риши Сунак.