
Пазарот на патнички и лесни комерцијални возила во Турција ја забележа втората најголема продажба во ноември во историјата на мерењето на овие статистики.
Здружението на дистрибутери на автомобили на Турција соопшти дека во оваа земја во ноември се продадени околу 115.040 патнички возила, што е зголемување за 39,8 отсто во однос на претходната година.
„Кумулативно, продажбата од јануари до ноември го урна рекордот и достигна 1,07 милиони, што е зголемување од 60,8 отсто во однос на претходната година“, пишува Дејли Сабах.
Она што е особено интересно се податоците за интересот на Турците за домашниот автомобил Togg.
„Месечните испораки на Togg во ноември беа 4.401. Во истиот период, месечните испораки на Tesla беа 900. Гледајќи ја продажбата во 2023 година, Togg досега испорача 13.572 возила, додека Tesla продаде 11.600 модели“, објаснија тие.











