Германија: Продажбата на автомобили во ноември е послаба од 2022 година

Продажбата на нови автомобили во Германија во ноември падна за 5,7 отсто на годишно ниво, објави во вторникот Управата за моторни возила.

„Послабите бројки се резултат на споредбата со силната продажба на крајот на минатата година“, соопшти консултантската компанија Ернст и Јанг (EY).

Имено, минатата година во ова време купувачите побрзаа да ги искористат државните субвенции при купување на нови електрични автомобили, кои беа укинати или намалени од почетокот на 2023 година.

Според тоа, има особено голема рецесија во продажбата на вакви возила – 44.942 новорегистрирани е-автомобили во ноември биле за 22,5 отсто помалку од 12 месеци претходно.

Засега е неизвесно што Владата има намера да прави со преостанатите субвенции по Нова година, па EY очекува побарувачката повторно да се зголеми во декември.