
Рускиот претседател Владимир Путин денеска на бизнис форум во Москва изјави дека рускиот БДП оваа година треба да порасне за најмалку 3,5 отсто, додека економијата закрепнува, во споредба со минатогодишниот БДП од 2,1 отсто.
Путин истакна дека БДП во Русија оваа година е поголем отколку што беше пред западните земји да воведат санкции кон Москва во 2022 година, објави Ројтерс.
Тој ја пофали издржливоста на руската економија и државните финансии, оценувајќи дека западните санкции не успеале да ја ослабат руската економија.
Трговската размена меѓу Русија и Кина годинава ќе надмине 200 милијарди долари
Трговската размена меѓу Русија и Кина годинава ќе надмине 200 милијарди долари, изјави денеска рускиот претседател на инвестицискиот форум „Русија повикува! што се одржува во Москва.
„Фала му на Бога, нашите односи со Кина се исклучително ефикасни“, рече Путин, пренесува ТАСС.
Тој додаде дека бројот на странски компании кои работат во Русија од 2022 година не само што не паднал, туку се зголемил и изјавил дека оваа информација го изненадила, пренесува РИА Новости.











