Кинезите ја „исплашија“ светската автомобилска индустрија со евтини електрични возила

Кинеските електрични возила сè повеќе заземаат приоритет на глобално ниво поради нивната достапност, поради што големите автомобилски компании прават сè што можат за да ги намалат трошоците и со тоа да станат поконкурентни.

Енди Палмер, претседател на британскиот стартап Брил Пауер, истакнува дека е многу важно производителите на автомобили да се фокусираат на возила со пристапни цени, бидејќи во спротивно би можеле да изгубат пазарен удел  од Кинезите.

Така, на пример, Renault сака да ги намали трошоците за дури 40% за своите електрични возила.

Слично на нив, Stellantis, во соработка со кинеската компанија CATL, основа европска фабрика за производство на поевтини LFP батерии. Понатаму, VW и Tesla заеднички градат EV вреден 25.000 евра, сè со цел да ја задоволат побарувачката за подостапни модели.

Фокусот на целата индустрија е ставен на намалување на трошоците, како што покажува зголемениот број нови компании кои се обидуваат да придонесат со иновативни решенија кога станува збор за батериите и другите EV компоненти.

Пристигнувањето на поевтини електрични возила од кинеските производители ги поттикна европските и американските производители на автомобили да бараат поевтини опции за производство.

Така, GM, користејќи субвенции во американскиот Закон за намалување на инфлацијата, планира да лансира фејслифтиран Bolt EV во 2025 година, а Ford има за цел да ги намали трошоците со зголемување на сопственото производство на делови за 50%.