Германскиот гигант за изнајмување автомобили престанува да купува автомобили Тесла

Уште една голема компанија за изнајмување автомобили престанува да купува автомобили Тесла. Еден месец откако Херц објави дека ќе престане да ги купува, германската Sixt, петта по големина во светот, исто така престанува да купува возила од американскиот производител на електрични автомобили.

Како што се наведува во соопштението на компанијата, главната причина за одлуката е високиот пад на вредноста на електричните автомобили, особено на моделите на Tesla, особено во контекст на големите попусти на возилата што ги дава тој производител.

Sixt, исто така, објави дека забележал намалување на интересот на возачите/клиентите за изнајмување електрични автомобили. Херц, исто така, го наведе слабото задржување на вредноста на моделите на Tesla како причина да престане да купува, заедно со високите трошоци за поправка на судирите.

Сепак, Sixt посочи дека ќе продолжи да купува други електрични автомобили и дека продолжува со својот план да го зголеми уделот на електрични возила во својата флота на 70 до 90 проценти до 2030 година.

Нивната флота на електрични возила ги вклучува BYD Atto 3 и Peugeot e208, како и MG5, BMW iX и Nio ET7.

Пазарот за изнајмување автомобили е многу важен за производителите на автомобили, поради зголемувањето на бројот на продадени единици, но и приходот за сервисните мрежи, така што ова е голем удар за Tesla.