Пониски продажните цени на производителите на индустриски производи

Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски на месечно ниво за 1.0 %, а на годишно ниво за 3.8 %.
Во октомври 2023, во споредба со септември 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1.3 %, во секторот Преработувачка индустрија за 1.0 %, додека во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.9 %.
Во октомври 2023, во споредба со октомври 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 12.9 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.5 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 10.3 %.