Хрватска за 35 години загуби милион жители и 370.000 работни места

77

Во Хрватска на последниот ден од ноември имало вкупно 1,66 милиони вработени во сите основи и организациски форми.

Ова се нови податоци на Хрватскиот завод за пензиско осигурување за 30 ноември, во кои наведуваат дека станува збор за бројот на осигуреници кои исплаќаат пензии по различни основи.

„Станува збор за зголемување на бројот на осигуреници за 2,54 отсто, односно за 41.110 повеќе осигуреници во однос на 30 ноември минатата година“, посочуваат од Пензискиот завод, објави Даница.хр. Ова е најголемиот број вработени во Хрватска во изминатите 30 години. Според тоа, за 30 години Хрватска загуби околу 800.000 жители, но и остана на приближно ист број вработени.Се наведува дека,  благодарение пред сè, на странските работници, од кои денес во земјата ги има повеќе од 160.000. Според МВР, „согласно Законот за странци, во периодот од 1 јануари до 30 ноември годинава издадени се вкупно 160.464 дозволи за престој и работа на странци во нашата земја“.

Историски гледано, Хрватска имала најголем број осигуреници, односно вработени, во 1988 година: вкупно 2,03 милиони. Но, тогаш имале и значително повеќе жители: 4,8 милиони. Денес има еден милион жители и околу 370.000 вработени помалку.