
Годишната инфлација во САД во ноември изнесуваше 3,1 отсто, објави во вторникот американското биро за статистика на трудот. Станува збор за сезонски неприлагодениот индекс на потрошувачки цени (CPI), додека индексот на потрошувачките цени за сите урбани потрошувачи (CPI-U) е зголемен во ноември за 0,1 отсто во однос на октомври.
Податоците за вредноста на CPI во ноември, по октомвриските 3,2 отсто, беа очекуван, според прогнозите на експертите во претходните денови.
Инфлацијата во октомври е најниска од јуни, а во ноември е намалена за дополнителни 0,1 отсто.
Цените на становите и домовите во САД продолжија да растат во ноември, додека цената на бензинот падна. Индексот на енергија ослабе за 2,3 отсто во текот на минатиот месец. Истовремено, индексот на храна порасна за 0,2 отсто, по растот од 0,3 отсто во октомври. Индексот за храна надвор од домот е зголемен за 0,4 отсто.
Цените на сите артикли без храна и енергија се зголемија за 0,3 отсто во ноември, по растот од 0,2 отсто во октомври. Цените што пораснаа во ноември вклучуваат изнајмување станови, медицинска нега и осигурување на моторни возила, додека облеката, мебелот, бизнисот и рекреацијата паднаа во цената.
Индексот на цените за сите артикли без храна и енергија порасна за 4,0 отсто во изминатите 12 месеци, како и во текот на 12-те месеци што завршуваат во октомври.
Индексот на енергијата е намален за 5,4 отсто во 12-те месеци заклучно со ноември, додека индексот на храната е зголемен за 2,9 отсто во однос на лани.











