Цената на ураниумот на светските берзи е највисока во последните 16 години

Цената на ураниумот достигна 82,3 долари за фунта (фунта е приближно 450 грама) на NYMEX вчера, највисока од јануари 2008 година.

Според податоците на Business Insider, вредноста на ураниумот летово забележа значителни осцилации.

На 27 јуни неговата вредност почна да паѓа од 56 долари за фунта на 42,5 долари, што беше забележано на 14 август, по што порасна на 58,2 долари за фунта на 24 август и континуирано се зголемува на денешните 82,3 долари за фунта.