Унгарија ја блокираше европската помош за Украина од 50 милијарди евра

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека на самитот на Европската Унија ставил вето на новата помош за Украина од европскиот буџет во износ од 50 милијарди евра.

„Вето за дополнителни средства за Украина, вето за ревизија на европскиот повеќегодишен буџет, на тоа прашање ќе се вратиме следната година по соодветни подготовки“, изјави Орбан на социјалната мрежа Икс.

Во четвртокот тој не го искористи правото на вето на одлуката на лидерите на ЕУ да ги отворат пристапните преговори со Украина. Наместо тоа, тој го напушти состанокот кога требаше да се гласа за Украина.

Унгарскиот премиер објасни дека бил воздржан при гласањето за отворање на пристапните преговори со Украина и оценил дека одлуката на ЕУ е лоша.