
Според првата прелиминарна проценка, еврозоната во октомври остварила суфицит од 11,1 милијарди евра во стоковната размена со остатокот од светот, објави Евростат и потсети дека во октомври минатата година еврозоната забележала дефицит во стоковната размена од 28,7 милијарди евра.
Земјите од еврозоната во октомври во остатокот од светот извезоа стоки во вредност од 246,9 милијарди евра, што претставува пад од 2,4 отсто во споредба со истиот месец во 2022 година, се наведува на веб-страницата на организацијата.
Во истиот период увозот на стоки е намален за 16,3 отсто на годишно ниво на 235,8 милијарди евра.











