ЕК ја одобри последната транша од 1,5 милијарди евра помош за Украина за 2023 година

Европската комисија го одобри трансферот на последната транша од овогодинешната програма за макрофинансиска помош за Украина, во износ од 1,5 милијарди евра, соопшти  претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.

„Во наредните денови ќе префрлиме 1,5 милијарди евра, последната транша од овогодинешната програма“, изјави претседателот на ЕК на крајот од самитот на Европскиот совет во Брисел, пренесува „Украинска Правда“.

Пакетот макрофинансиска поддршка е во вкупен износ од 18 милијарди евра за оваа година, од кои 16,5 милијарди евра веќе се префрлени во Киев, пишува украинскиот весник.