
Расположението меѓу германските извозници се влоши на крајот на годината, забележува минхенскиот институт за економски истражувања Ifo. Показателот на очекувањата падна во декември на -6,7 поени, што е за 2,6 поени под вредноста во ноември, објави Ифо.
„Празничното расположение кај извозниците не е постигнато, а тие не се оптимисти ниту за почетокот на новата година“, коментираше за најновите податоци Клаус Вохрабе, раководител на истражување во „Ифo“.
Во повеќето индустрии се очекува пад на извозот во наредните месеци; и во автомобилската индустрија каде до неодамна се проценуваше дека ќе биде стабилен, истакна Ифo.
Производителите на машини и опрема очекуваат и помалку нарачки од странство. Според Ифo, енергетските компании се особено песимисти.
Сепак, малку поголем оптимизам има кај производителите на пијалоци, храна и кожни производи, кои очекуваат пораст на извозот во наредните месеци.











