Фонд од Абу Даби инвестира 2,2 милијарди долари во кинески Nio

– Кинескиот производител на електрични возила Nio во понеделникот соопшти дека склучил договор вреден 2,2 милијарди долари со CYVN Holdings, инвестициска фирма со седиште во Абу Даби.
По договорот, CYVN Holdings ќе поседува 20,1 отсто од вкупно издадените акции на Nio, по инвестицијата од повеќе од 1 милијарда долари во јули.

Тоа значи дека компанијата со седиште во Абу Даби ќе стане единствениот најголем акционер на Nio, иако основачот и извршен директор Вилијам Ли го задржува мнозинството гласови.

„Со подобрен биланс на состојба, Nio е добро подготвен да го изостри позиционирањето на брендот, да ги зајакне капацитетите за продажба и услуги и да инвестира во основни технологии на долг рок“, рече Ли.

Nio продаде 15.959 електрични возила во ноември, што претставува зголемување од околу 16 проценти на годишно ниво.

Кумулативните испораки на стартапот од јануари до ноември надминаа 142.000 единици, што е за 33 отсто повеќе од истиот период во 2022 година.

Џасем Ал Зааби, претседател и извршен директор на CYVN Holdings, рече дека трансакцијата ја покажува неговата доверба во уникатната позиција и конкурентноста на Nio во глобалната индустрија за паметни електрични возила.