
Германската државна енергетска компанија Сефе и норвешката групација Еквинор договорија долгорочно снабдување со гас. Договорот е еден од најголемите што Equinor ги има склучено досега, изјави извршниот директор Андерс Опедал.
Договорот предвидува Equinor да испорача вкупно 111 терават-часови енергија од 2024 до 2034 година, што одговара на количината од околу 10 милијарди кубни метри природен гас.
Испораките ќе се плаќаат по пазарни цени. Годишните количини, според огласот, покриваат третина од потребите на германската индустрија. Постои и опција за продолжување на уште пет години и нови 319 терават-часови, јавува ДПА.











