
На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути паѓа трет ден по ред.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 102,20 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 102,50 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 143,75 на 143,70 јени.
Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0970 долари, додека вчера во ова време беше 1,0920 долари.
Цените на нафтата, пак, стагнираат по два дена раст. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се намали за 0,04 отсто, на 79,20 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,07 отсто, на 73,95 долари.











