
Годишната стапка на инфлација во Велика Британија падна на 3,9 отсто во ноември од 4,6 отсто во октомври и сега е најниска од септември 2021 година, објави денеска британската Канцеларија за национална статистика – ONS.
Пазарите очекуваа поскромно намалување на инфлацијата до 4,4 отсто.
Цените на транспортот паднаа за 1,5 отсто на годишно ниво, а цените на храната и безалкохолните пијалоци пораснаа за 9,1 отсто, облеката и обувките за 5,7 отсто, рекреацијата и културата за 5,3 отсто – во сите наведени случаи растот е побавен.
отколку во октомври. На месечна основа, британската инфлација падна за 0,2 отсто во однос на октомври, се наведува на веб-страницата ONS, пренесува Танјуг.
Годишната стапка на базичната инфлација во Британија во ноември падна на 5,1 отсто, што е најниско ниво од јануари 2022 година.











