Просечната плата во Хрватска е 1.178 евра

Скокна просечната плата во Хрватска

Просечната плата во Хрватска е 1.178 евра, a половина од вработените примаат повеќе од 1.014 евра. Највисока просечна месечна исплатена нето-плата за октомври е исплатена во авионскиот превоз, 1.856 евра, а најниска во производството на облека, 756 евра.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен за октомври била 1.178 евра, што е номинално повисока за 14,6 отсто, а реално за 8,3 отсто, покажуваат податоците на Централниот завод за статистика (ДЗС). Во однос на платата за септември годинава, просечната нето-плата за октомври номинално е поголема за 1,9 отсто, а реално за 1,4 отсто. Претходно, статистиките покажуваа дека во Загреб има повисоки плати.