
Соединетите Американски Држави се на пат да станат најголемиот светски производител на нафта во историјата, според најновиот извештај на S&P Global Commodity Insights.
Извештајот прогнозира дека САД ќе произведуваат рекордни 13,3 милиони барели сурова нафта и кондензат дневно во текот на четвртиот квартал од оваа година, пренесува CNN.
Во ноември, според американската Управа за енергетски информации, неделното производство на нафта во САД достигна 13,2 милиони барели дневно.











