Шведска ја намали прогнозата за раст за 2024 година

Шведската влада во четвртокот ја намали прогнозата за економски раст за 2024 година и рече дека сегашниот пад најверојатно ќе трае до 2025 година, кога се очекува закрепнување.

Владата прогнозира дека БДП ќе порасне за 0,6 отсто во 2024 година, што е намалување од претходните очекувања за раст од 1 отсто, додека оваа година ќе се намали за 0,5 отсто, што е намалување од претходниот пад од 0,8 отсто.

„Економската ситуација слабее и се проценува дека шведската економија е во пад кој ќе трае до 2025 година“, изјави министерката за финансии Елизабет Свантесон.

БДП се очекува да порасне за 2,7 отсто во 2025 година, објави Владата.

Шведската влада предвиде вкупна инфлација од 6,1 отсто оваа година и 2,7 отсто во 2024 година.