Просечната плата во Србија скокна: Сега изнесува 739.80 евра

Месечната плата (бруто) пресметана во Србија во октомври годинава изнесува 119.791 динари (1021.71 евра), додека просечната плата без даноци и придонеси (нето) е 86.738 динари (739.80 евра), објави  Републичкиот завод за статистика (РЗС).

Растот на бруто и нето заработката, во периодот јануари-октомври годинава, во однос на истиот период лани, номинално изнесува 15 отсто или реално 1,4 отсто, се наведува во соопштението.

Во однос на истиот месец од претходната година, просечната бруто и нето-заработка за октомври 2023 година е номинално повисока за 15,1 отсто, а реално за 6,1 отсто.

Просечната нето заработка за октомври 2023 година изнесува 67.124 динари, што значи дека 50 отсто од вработените оствариле заработка до тој износ.