
Јужнокорејската влада ќе забрани испорака на уште 682 производи во Русија и Белорусија, вклучително и автомобили, објави таму Министерството за трговија, индустрија и енергетика.
Јужнокорејските власти воведоа промени во списокот за контрола на извозот, кој се зголеми на 1.159 производи. Промената ќе стапи на сила на почетокот на 2024 година, пренесува ТАСС.
Извозот на тешка градежна опрема, батерии на полнење, компоненти за воздухопловна опрема и патнички автомобили со зафатнина на моторот над 2.000 кубика е ограничен.
Јужна Кореја минатата година воведе забрана за извоз на нови автомобили во Русија, а ограничувањата вклучуваат автомобили со цена над 50.000 долари. Европската унија го забрани извозот во Русија на сите нови и користени автомобили со зафатнина на моторот над 1,9 литри, електрични возила и хибридни автомобили.
Јапонија ја воведе истата забрана, а Федералната царинска служба на Русија објави дека во првата половина од оваа година преку Далечниот Исток биле увезени рекордни 130.000 автомобили од Јужна Кореја.











