Цените на нафтата стабилни

Цените на суровата нафта остануваат стабилни по божиќните празници, откако на денешното тргување благо пораснаа.
Оптимизмот дека американската централна банка наскоро ќе почне да ги намалува каматните стапки придонесува за стабилни цени, а со тоа и за повисок економски раст и зголемена побарувачка за црно злато.

Барел сирова нафта од 159 литри за испорака во февруари беше 73,74 долари до попладневните часови по Сингапур, што е за 18 центи повеќе од петокот. Северноморската нафта „брент“ за испорака во февруари поскапе за 28 центи на 79,35 долари.